Сопругата на Шумахер прв пат во јавноста по обвинувањата дека лаже за неговата состојба: Корина прими награда и се расплака пред сите

Добивај вести на Viber

Михаел Шумахер доби драгоцено признание за неговиот хуманитарен придонес, а со оглед на неговата здравствена состојба наградата ја подигна неговата сопруга Корина.

Најпознатиот Формула 1 возач Михаел Шумахер (53) не е виден во јавноста од декември 2013 година, кога имаше страшна несреќа на скијање на Алпите. После тоа шест месеци бил во индуцирана кома, по што се разбудил и оттогаш неговото семејство тајно го чува во швајцарско село во близина на Женева.

Поради големата мистерија поврзана со состојбата на Шумахер, се почесто пријателите се јавуваат и бараат да слушнат објаснување дека Корина, Мик и Ралф му „должат на светот“.

Последен што се јави е поранешниот агент и близок пријател на Шумахер Вили Вебер, а во едно интервју го обвини семејството Шумахер дека „лажеле девет години“. Среде целиот скандал за интервјуто кое крена прашина, во јавноста се појави сопругата на Шумахер, Корина.

View this post on Instagram

A post shared by Michael & Corinna Schumacher (@michaelandcorinna)



Шумахер во средата ја прими државната награда на Северна Рајна Вестфалија за неговата хуманитарна работа, а наградата во негово име ја прими неговата сопруга Корина.

Таа не можеше да ги сокрие емоциите и се расплака кога и беше доделена плакетата, а покрај неа на настанот присуствуваше и нејзината 25-годишна ќерка Џина, додека Мик отсуствуваше поради болеста.

На церемонијата присуствуваше и Жан Тод, поранешниот прв човек на Ферари за кого возеше Шумахер, а кој е еден од ретките кои имаа можност да го посетат Михаел по несреќата на скијање.

Она што е малку бизарно е тоа што сите зборуваа за него како да не е жив а тоа ја погоди Корина.

View this post on Instagram

A post shared by KEEP FIGHTING SCHUMI (@schumi_jo)



- Бевме непобедлива екипа. Михаел ја сакаше својата работа, а тимот сакаше да работи за него. Ни недостигаш... Михаел има прекрасно семејство, неговата сопруга Корина е силна жена, рече Тод за време на говорот и со тие зборови ја расплака сопругата на Шумахер и рече дека е добро што плаче бидејќи „не е здраво да ги задржи солзите“.

На доделувањето на големото признание на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, присуствуваа многу познати личности, меѓу другите и Каи Ебел, телевизиската икона на Германија.

- Не сум љубител на црвените килими, но ова е важен настан. Време беше да добие награда, ги има освоено сите спортови, но оваа е политичка. Иако долги години отсуствува од Формула 1, секој ден ме прашуваат дали сум слушнал нешто за него. Тоа покажува колку ни е важен и колку ни значи, изјави Каи Ебел.

Ја запознал Корина на забава

За потсетување, љубовната приказна на Михаил и Корина започна во 1991 година на почетокот на неговата кариера во Формула 1, а тие се запознаа на забава на која Корина ја однесе нејзиното момче во тоа време, Хајнц-Харалд Френцен, кој исто така се занимавал со трки. Корина набрзо раскинала со него и почнала да излегува со Михаел. На почетокот, бројни медиуми пишуваа дека нивната врска е само еден голем маркетиншки трик.

Тој стана светски шампион за прв пат во 1994 година, а истиот успех го повтори и следната година, па парот реши да се венча подоцна истата година во 1995 година, а сите сомнежи за нивната љубов се покажаа како лажни.

Таа во едно интервју откри дека секој ден ѝ недостига нејзиниот сопруг и колку тој станал поинаков по несреќата.

- Се трудиме да продолжиме како семејство, онака како што Михаел сакаше и се уште сака. И продолжуваме со нашите животи.


фото: Инстаграм