Сопругата на Синиша Михајловиќ објави фотка со која ги расплака сите: Во брак беа 26 години и имаат пет деца (ФОТО)
Легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина на 16 декември на 53-годишна возраст по години борба со тешката болест.
Михајловиќ почина во болница во Италија опкружен со своето семејство. Здравствената состојба рапидно му се влошувала претходните денови, тој повеќепати ја победувал болеста, но леукемијата засекогаш стави крај на неговиот живот.
Синиша Михајловиќ цели 26 години беше во хармоничен брак со Аријана Михајловиќ со која има пет деца.
Вчера Аријана повторно се огласи на Инстаграм, овој пат објавувајќи семејна фотографија на која се гледаат таа и Синиша како уживаат со децата Викторија, Вирџинија, Душан, Мирослава и Николас.
Зборовите кои Аријана ги напиша под фотографијата ги трогнаа сите:
- Љубов, ти ветив... Не грижи се, јас ќе се грижам за нив. Нашето најголемо ремек дело. Никогаш нема да престанеме да те сакаме – напиша Аријана.
Синиша Михајловиќ ќе биде погребан денес, 19 декември, на гробиштата Кампидољо во Рим.
извор:zenskikutak