Совети од фризерката на Бијонсе и Џенифер Лопез: Златни правила за здрава и убава коса

Добивај вести на Viber

Ниту едно правило не подразбира скапи препарати и нега која ни е неопходна. Пејачките Џенифер Лопез и Бијонсе можат да се пофалат со преубава коса.

А за нивната коса се грижи истата фризерка Рита Хазан, која одлучи да сподели совети за негувана и убава коса:

1.  Бирајте топли нијанси

Кога се мислите секогаш одберете посветли бои и потопли нијанси. Топлите тонови одговараат на сите видови тенови и бојата на очите, додека ладните и темните нијанси може да направат да изгледате повозрасно.

2.  Заборавите на трендови

Кога косата е во прашање, трендовите не се ваши пријатели. Честата промена на боја и фризура може да влијае на нејзиниот квалитет, а оштетената и несредена коса никогаш не е во мода. Најдобро пронајдете ја фризурата која најмногу ви одговара, а доколку сакате да се придружувате кон трендовите, направете го тоа суптилно. На пример, ако е во мода сина нијанса, додадете само неколку прамени.

3.  Понекогаш е добро да направите нов „look

Само затоа што некоја боја ви стои совршено, не значи дека не треба да ја промените. Веројатно и на вас ќе ви здосади да изгледате исто, а промената ќе биде вистинско освежување.

4.  Вложете во негата на косата

Сигурно знаете колку е важна косата и нејзината нега. Вложете во квалитетни производи, со кои вашата боја подолго време ќе изгледа свежа, па секои три месеци одете на фризер.

5.  Бидете трпеливи

Бринета сте која сака да стане русокоса? Мора да бидете свесни дека тоа нема да се случи преку ноќ. За почеток треба да имате малку трпение. За поминување од светла во темна нијанса, потребно ви е време и фризер.

6.  Грижете се за тилот како и за останатиот дел од кожата

Кога ја миете косата, не заборавајте на тилот, на кој исто така му е потребно темелно миење. Здравиот и негуван тил гарантира убава коса.

7.  Читајте ги состојките

Ако се фарбате треба да избегнувате производи, кои содржат натриум хлорид, сулфат. Жените со тенки и нежни коси не се препорачува да користат производи кои содржат силикони кои ја отежнуваат косата и не претерувајте со регенератори.

8.  Препуштете ја својата коса на професионалци

Ако се фарбате првпат, фарбањето дома покрај тоа што е евтино, може да биде и ризично. Ако сакате промена, тогаш подобро почекајте, заштедете пари и отидете кај професионалец.