СОВЕТИ: Што да направите при грмотевици и невреме?

Добивај вести на Viber

При невреме и грмотевици доколку сте на отворено, веројатно првиот ваш инстинкт ќе биде да се засолнете под некое дрво. Тоа ни случајно немојте да го правите, посебно ако во прашање е осамено дрво, затоа што има голема шанса гром да удри во него. 

Доколку пак сте во автомоби нема потреба да се плашите бидејќи шансите за да ве удри гром се минимални. 

Во суштина ако сте во затворена просторија, таму останете се до престанувањето на невремето. 

Ако грмовите постојано пукаат, затнете ги ушите за да ги заштитите ушните тапанчиња. 

Доколку сте дома, потребно е да се држите подалеку од електирчните уреди и утикачи, бидејќи громот се пренесува и низ инсталација. 

Гром може да удри и кога невремето е одалечено до 16 километри од вас.