Совети за пролетно реновирање на домот

Добивај вести на Viber

Голем број на луѓе сакаат да го реновираат домот токму на пролет и да го подготват просторот за новата сезона што доаѓа. Тоа што е важно при реновирањето е да не претставува стрес, туку да ги направите потребните промени со мерак и ентузијазам за чувството што ќе ви го донесат новите промени во просторот.

Реновирањето на домот можете да го направите во етапи – односно не мора во еден викенд да завршите сѐ. Најдобро е да ги распоредите обврските околу реновирањето така што ќе ви остане време и да се одморите, а и да се занимавате со сите други обврски што ги имате.

Искористете го пролетниот саем на мебел и следните неколку совети за тоа како оваа пролет да го реорганизирате домот на начин на кој вие и вашите блиски ќе се чувствувате поубаво во него.

Расчистете и реорганизирајте го просторот

За овие активности нема да ви се потребни никакви финансии и можете да ги направите во секое време. Со исфрлање на сета облека и предмети што веќе не ви се потребни и со разместување на мебелот, можете да направите многу поголема промена од тоа што мислите.

Поминете низ вашите плакари и ослободете се од сите предмети што веќе не ги користите или не ви требаат. Ова не само што ќе ги направи вашите плакари пофункционални, туку и ќе го зголеми слободниот простор и ќе создаде чувство на чистота.

Многу е важно да се ослободите од облеката што веќе не ја носите, особено ако имате навика да купувате многу нови парчиња. Кога имаме премногу облека што е натрупана во плакарот, секогаш има парчиња што ги заборавате и кои се таму некаде во шкафот, додека секојдневно сте заглавени со носење исти комбинации, иако имате многу облека.

Ослободувањето од одредени парчиња што веќе не ви се точни или веќе не се вклопуваат во вашиот стил на облекување ќе ви помогне и да го подобрите вашиот стил бидејќи гардеробата што ви се допаѓа ќе ви биде пред очи.

Нова боја во просторот

Понекогаш сѐ што му е потребно на домот е боење за да блесне во една сосема нова светлина. Ако сакате вистинско освежување, а досега ѕидовите ви биле во различни бои и сте експериментирале со различни палети во различни простории, тогаш можеби е време целиот дом да го обелите.

Белата боја веднаш ќе го освежи домот и ќе го направи просторот визуелно поголем. Ако сакате да внесете мирна и хармонична атмосфера, можете да се решите одредени ѕидови да ги обоите во нежна сина боја.

Можете да играте и со различни комбинации, но најважно е да се водите според вашиот стил и колкав е просторот бидејќи одредени бои дури и да ви се допаѓаат, може визуелно да го затворат малиот простор.

Додајте зеленило во просторот

Посетете ја најблиската цвеќарница и разгледајте ја понудата на цвеќиња. Распрашајте се кои цвеќиња би можеле да одговараат за вашиот дом и за количината на светлина што ја имате во просторот.

Доколку имате тераса, а досега никогаш не сте го искористиле тој простор, можеби е време да создадете мала градина и да имате простор каде што ќе можете да го испиете утринското кафе опкружени со цвеќиња.

Освен како декоративен елемент, цвеќињата, исто така, создаваат убава и мирна околина, која може да ве опушти. Зеленилото додава боја, текстура и димензија на просторот и е подобра инвестиција за вашиот простор од кој било украс или скулптура.


Инвестирајте во квалитетен сон

Доколку оваа пролет можете да си дозволите само една инвестиција за домот, тогаш одлучете се тоа да биде квалитетен душек. Ниедно друго парче мебел не може да направи толку многу за вашето здравје колку душекот.

Квалитетен душек ќе ви даде соодветна поддршка на телото додека спиете, што ќе спречи болки во грбот и вратот. Без овие болки ќе се будите свежи и порасположени и денот ќе ви почнува многу поубаво.

Квалитетните душеци не се евтини и разбирливо е дека не можете често да купувате нови, но ако оваа пролет планирате реновирање, тогаш, можеби, треба да ги оставите сите други планови и да инвестирате во добар душек бидејќи добриот и квалитетен сон ќе ви даде сила понатаму да ги остварите многу побргу сите други планови.



*Пр објава