Совршена комбинација на крој и боја - чиста елеганција: Јована Јоксимовиќ во издание кое дамите секогаш можат да го копираат
Црните фустани се
дефинитивно безвременски тренд, а оние со сирена крој едноставно се обожаваат
Водителката Јована Јоксимовиќ ги освои симпатиите на своите следбеници на социјалните мрежи откако на својот Инстаграм профил сподели видео во кое е во друштво на својот сопруг Жељко Јоксимовиќ.
Со оглед на тоа што со години уживаат во хармоничен брак и се најголема поддршка еден на друг, Јована и Жељко заедно одлично стилизирани и модерно ускладени се појавија на важен настан.
Јована блескаше во прекрасен долг црн фустан со сирена крој, додека Жељко носеше црн костум кој го искомбинирал со бела кошула и на тој начин се вклопил со изгледот на сопругата.
Водителката носи црн фустан кој се врзува околу вратот откривајќи го грбот, што на целата комбинација и дава одредена доза на сексипилност, а долниот дел од фустанот е изработен од тул, кој е идеален кога сакате да постигнете елеганција и префинетост.
Тие двајца блескаа еден до друг и одлично се забавуваа, а следбениците на социјалните мрежи ја опсипуваа Јована со бројни коментари за нејзиниот изглед.
- Прекрасно Јована, навистина изгледаш светски дамо - рече еден од многуте кои го пофалија нејзиниот стајлинг.
Фото: Инстаграм