Совршена летна WATERMELON забава: Уживање за секое дете (ГАЛЕРИЈА)

Доказ дека дечињата од „Светот на Колорес“ знаат да се забавуваат на летните горештини е забавата покрај базен во дворот на градинката. 

Забава на тема лубеница, омиленото летно овошје на секое детенце кое мами со својот изглед, но и со својот вкус. 

Дечињата уживаа во декорацијата со балони, освежителни коктели од лубеница, десерт во чашки од лубеница, сладолед лубеница кои им ги подготви @rodendenvoboja. 


Многу насмевки, радост, забава и детска дружба! Уживајте во фотографиите!