Моден фокус // Совршена си
Совршена си - ајде сега да видиме каде сме
Започнуваме со видео сеанси наменети за баш онаа генерација и тип на жени како мене, ни ваму ни таму, нит сме во климакс а нит сме па за на инстаграм позирања.
Ќе зборуваме за мода најмногу, но доколку сте расположени и за други теми, ваша сум, инбоксот ви стои на располагање. Дискусии со позитивна енергија и цел подобрување на нашето секојдневие, повисока свест и поголемо ниво на квалитет во секојдневието.
Заедно ќе се обидеме да оформиме круг во кој секоја од нас ќе може на јебежлив начин да си се естетски изјасни што сака. Ќе се обидам да се кратки видеа (личен предизвик) и ќе се обидам цела моја позитивна енергија да ви ја пренесам вам!