Совршена си - не му се давај на општествово
На последниот настан на кој што бев генерациски се движеше тука некаде околу кое годиште, да речеме групација 35-45. Тоа што ми падна во очи беше најмногу физичката состојба на жените кои беа дел од настанот, нормално нели работам визуелна работа, прво нешто што забележувам е кој како е облечен и зошто. Ниту една од тие жени не се носеше со годините соодветно и достоинствено, или делуваа како 50 годишни тетки заборавени во 92, или како очајни домаќинки со сите филери, шлицови, мрежи и шљокици. Балансот го немаше никаде. Е сега во овој момент кога толку многу се зборува за здрава исхрана и активност, како дојдовме до тоа да скоро секоја жена е гојазна. Во овој момент кога имаме мал милион молови и брендови, инфлуенсери и налик дизајнери, како се случи да жената престане да биде дама и да се претвори во турбо фолк естетика на ниво на Јадранска магистрала.
Би го препишала тоа најмногу на соседите и моменталниот процвет на турбо фолк етика која за жал доминира во локални граници и се повеќе ја голта нормалната жена. Многу фактори се во игра, верувам дека најмногу делува домашната состојба и влијанието на социјалните медиуми. Откако започна скролање, престана читање на книги и животов за жал ни се претвори во една пародија на Кустурица. Се повеќе сме фокусирани на туѓ живот наместо на сопствениот и границата за интима и приватност изгуби на вредност. Се супер нели демократија MEETS капитализам, сите имаат право на се. Во тоа се, главното прашање што една компанија полу успешно проба да го вметне во последната нивна кампања е - дали си среќна? Не моментално, моментална среќа поседува секоја од нас. На долги стази, трајно и со трајна вредност, дали си среќна со сопствениот живот баш таков каков што е моментално. Јас сум многу лоша со компромиси, периодов се обидувам нешто на темата и претешко ми оди, чекам кај и да е да се распрскам. Заради тоа што не го сакам тој компромис одлучив да на мои скоро 40 години комплетно си го променам сопствениот живот.
Се фокусирав и посветив на тоа над кое имам најголема контрола и за кое нема простор за компромис доколку сакам резултати - комплетно променив исхрана и се вратив на активни тренинзи. Сто пати до сега сум го пробала тоа како и секоја жена и сто пати до сега како јојо се враќам назад. Но секое враќање назад не било како предходното и овој пат лајтмотивот за да успеам ми е здравје пред се, а потоа проклети стомачни на 40 години. Кога може ЏејЛо може секоја од нас, не ни верувам дека немаме време и начин. И тоа почна да ме прави вистински среќна, грижата за себе ме однесе на други нивоа на кои предходно не сум била бидејќи секогаш другите беа приоритет пред мене. И сега сум таму каде што можам да облечам и тесен фустан со фул визуал и оверсајз сако со благо небањат муд и тоа да личи дека е исправно. И немам потреба од шљокици, голотии, гузења по нетов ниту пак имам потреба да покажам како живеам, тоа е мое, нај лично мое. И сега после толку лутање, своја сум. Ама во позадина додека возам ми свират Rolling Stones и ми врие мозокот од убавини. Не се давај на општествово, сети се кога имавме заеднички сон за подобро и поквалитетно утре, се уште може да сонуваме, 40 се новите 20.