Моден фокус // Совршена си
Совршена си – престани да зборуваш почни да делуваш
До кога ќе ја дискутираме темата диети и килажа жени мои прекрасни, без да преземеме нешто околу тоа? И до кога единствена тема ќе ни биде тоа па само тоа, која колку ослабела или се здебелила и остали трач секции. Дури и гардеробата ја поврзуваме директно со килажата по цена на осуда и презир без да размислиме која е позадината на тоа. А никако не ја поврзуваме килажата со здравје, тоа го оставаме на последно место. Каде е здравјето, таму е фит тело, таму е балансирана исхрана и таму е желбата за дотерувка.