„Совршената мајка“ покрај базенот со разочараната ќерка V.S. Бушавата мајка и хаотичниот дом
Приказна од реалниот живот ...
„Вчера, додека бевме на базен, видов една млада мајка со нејзината ќеркичка како одеа крај базенот облечени во многу убави координирани костими за капење. Мајката, со своите совршено извиткани прамени врзани со складна марама, ги помина првите неколку минути зборувајќи гласно на телефон со пријател додека нејзината ќерка стоеше и чекаше да влезе во базенот. Мајката го заврши телефонскиот повик и премина на вадење играчки за во вода и креми за сончање на ускладена крпа. Потоа, откако го пронајде правилниот агол и вистинската светлина, мајката направи неколку селфија со ќерката. Малата праша дали може да влезе во базенот. Мајката рече да почека и почна да ја фотографира пред базенот, додека влегуваше во базенот и додека излегуваше од базенот. Девојчето се смееше со широка насмевка како да го има правено тоа милион пати. Потоа, Мама ѝ рече дека може да оди да си игра. Малата влезе во базенот и поплива неколку минути. Мама ѝ се јави на некоја пријателка на телефон и разговараше додека девојчето учтиво повторуваше: „Мама, те молам дојди со мене во водата!“. Беше игнорирано. „Мама ќе дојдеш да си играш со мене?“ – праша уште четирипати. Мама гледаше во неа, но не го остави телефонот. По 10 минути, мајката го заврши со разговорот, ги собра кремите за сончање што никогаш не беа употребени и играчките кои никогаш не ја допреа водата и на крајот ја зеде ќерка ѝ и си заминаа.
Седев и извесно време размислував за она што го видов. Си ги замислив фотографиите кои ги направи, совршено фотошопирани и објавени на социјалните мрежи со опис како „На базен со мојата ќеркичка!“
Некаде на друго место, некоја друга Мама, ќе биде дома цел ден со своите деца, куќата ќе ѝ биде хаос поради нивните игри, косата бушава од извршувањето на родителските обврски, а алиштата валкани од повраќаници или од путер од кикири. Таа ќе биде уморна зашто го поминала цел ден во готвење, грижа, чистење и играње со децата. Таа ќе ја види таа фотографија и ќе се споредува себеси со совршената Мама покрај базенот. Нешто ќе ѝ шепоти во уво: „Ти не си доволно добра... Ти не изгледаш како таа млада мајка на базен... Ти немаш доволно пари за да си купиш такви скапи костими за капење и немаш доволно време за да создаваш спомени како неа“, а таа млада мајка ќе поверува во тоа. Ќе чувствува неуспех. Уф!!! Таа никогаш нема да знае дека во очите на нејзините деца, начинот на кој го поминала денот е многу подобар одошто на „совршената мајка“ покрај базенот.
Она што го гледаме на социјалните мрежи не е секогаш реално. Понекогаш и многу често е тотално исценирано. Тоа е наместено и филтрирано и лажно.
Понекогаш, навистина гледаме апсолутно реални фотографии од одмори и прекрасни домови и свежо направени фризури, но тоа е само ЕДЕН момент. Тоа е најдобриот момент од целиот ден поминат исто како нашиот. Во работа, чистење, хаос...
Мајки, не се споредувајте себеси со другите. ВИЕ сте доволни! Вие сте неверојатни и најдобриот дел е што сте РЕАЛНИ! Вашите валкани маици и вашиот валкан дом и вашите среќни деца се реални и тие се доказ дека постапувате правилно! -
*Превземено oд ФБ група Совети за мајки и деца... Џен Флинт