Совршениот бел фустан кој Џеј Ло го уништи со еден детаљ: Направи модна утка со чудните црвени влечки (ФОТО)
Џенифер Лопез и Бен Афлек слободното време после големата венчавка го поминаа на "Malibu Chili Cook-Off" во Малибу и не престануваат да привлекуваат внимание каде и да се појават, па го засенија и познатиот фестивал.
Еден од најинтересните и најследените парови на Холивуд избра лежерна гардероба, па Афлек доминираше во сина кошула и беж панталони, додека Џеј Ло носеше макси бел фустан.
Латино дивата вообичаено е без грешка кога е модата во прашање, но сега на многумина им паднаа во очи чевлите со кои го усогласи нејзиниот макси фустан од брендот Форте Форте кој чини околу 600 евра.
Џеј Ло го спои фустанот со V-деколте и широки ракави со влечки на платформа кои се создадени во соработка помеѓу брендовите Адидас и Гучи и може да се најдат по цена од 620 долари. Таа целата комбинација ја заокружи со персонализирана чанта на Кристијан Диор која многу познати личности сакаат да ја носат во последно време, а и латино дивата не се разделува со неа.
фото: BAUERGRIFFIN/INSTARIMAGES.COM / INSTAR IMAGES / PROFIMEDIA
Оваа неочекувана комбинација наиде на неколку позитивни коментари и многу негативни. Имено, многу жени се запрашаа зошто Џенифер го уништила белиот фустан со спортски влечки, а веруваат дека таков модел многу подобро оди со други чевли.
Што мислите вие?
извор:GLOSSY