Совршено домашно кино - Samsung го претстави тројниот ласерски 4K проектор The Premiere

Добивај вести на Viber

Компанијата Samsung Electronics на неодамна одржаната виртуелна конференција Life Unstoppable го најави The Premiere - новиот 4K Ultra Short Throw ласерски проектор. Благодарение на големиот формат за прикажување на слика, овој ултрамодерен проектор на корисниците им овозможува кино искуство на гледање филмови од удобноста на домот. The Premiere е новиот врвен додаток на наградуваната линија на lifestyle производи, што го надминува секое претходно искуство на гледање – и тоа без екран.

Овој врвен проектор ќе биде достапен со моделите LSP9T од 130 инчи и LSP7T од 120 инчи кои со ласерски погон проектираат слика во 4K резолуција.[1] The Premiere LSP9T е првиот проектор во светот со HDR10+ сертификат, а е опремен со тројна ласерска технологија. Благодарение на оваа иновативна технологија, создава револуционерен контраст на деталите кој доаѓа до израз во преминот од светли во темни сцени, а врвната осветленост на овој проектор достигнува дури до 2,800 ANSI лумени. The Premiere е прв проектор од овој вид, за што сведочи и Filmmaker Mode – единствената опција преку која корисниците можат да уживаат во филмовите на начинот на кој што замислувале режисерите. Овој паметен уред е опремен и со платформата Samsung Smart TV, која нуди streaming video апликација за мултимедијална содржина, како и опции за поврзување на мобилни уреди, како што се Tap View иImage mirroring.

The Premiere доаѓа со компактен дизајн кој штеди простор и совршено се вклопува во мноштвото на различни ентериери. Бидејќи станува збор заultra-short-throwпроектор, The Premiere може да се постави скоро до ѕидот, со едноставна инсталација. Врвно кино искуство гарантира и моќното озвучување кое се состои од вграден вуфер и  Acoustic Beam surround систем, што ја елиминира потребата за дополнително озвучување во помалите простории.

„Во последните неколку месеци, секојдневниот живот на корисникот значително се промени, бидејќи сега поминува повеќе време дома од кога било порано. Телевизорот повторно стана центар за забава, фитнес партнер, соработник и извор на вести. Затоа, The Premiere целосно го редефинира искуството на домашно кино, благодарение на новиот компактен дизајн, 4К квалитет на слика и моќниот звук за помали простории," изјави Jongsuk Chu, извршен потпретседател на одделот за визуелен приказ на компанијата Samsung Electronics.

Samsung својата линија на lifestyle производи ја лансираше за прв пат во 2016 година, со телевизорот The Serif и оттогаш ја прошири повеќекратно наградуваната линија на телевизори со The Frame, The Sero и The Terrace.

#####

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, паметните телефони, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја http://news.samsung.com.



[1] The Premiere ќе биде достапен крајот на 2020 година, почнувајќи во САД, Европа, Кореа и други региони.