Сeзoната на алергии започна: Како да се избегнат алергени во затворен простор?

Добивај вести на Viber

Развојот на модерната технологија и индустријата несомнено придонесе за зголемување на глобалното загадување на животната средина. Иако не можеме да влијаеме многу на загадувањето на воздухот на отворено, има многу начини на кои можеме да го подобриме квалитетот на воздухот во затворен простор.

Статистиката покажува дека поголемиот дел од времето го поминуваме во затворено - до 90% од нашите животи. Исто така, познато е дека 9 од 10 луѓе ширум светот живеат на место каде што нивото на квалитетот на воздухот не е во рамките на вредностите пропишани од Светската здравствена организација. Недостаток на свеж и чист воздух може да предизвика многу здравствени проблеми, кои во почетокот може да не бидат опасни, но сигурно го попречуваат нашиот здрав начин на живот.

Меѓу потенцијалните здравствени проблеми што е можеби и еден од најкритичните е алергијата. Најчеста форма е алергискиот ринитис, предизвикан од реакцијата на имунолошкиот систем на алергени од воздухот, како што се поленот, правот и другите штетни честички. Овој вид алергија влијае до 40% од светската популација.

Иако симптомите на алергии предизвикани од квалитетот на воздухот во затворено во почетокот може да бидат незначителни, работите може да станат проблематични доколку се развијат овие алергии. За среќа, постојат многу едноставни чекори што можеме да ги преземеме за да го обезбедиме нашето живеење и работниот простор со чист и свеж воздух што го заслужуваме.


Прашина

Грините може да бидат крајно вознемирувачки. Тие лесно се фаќаат на која било површина во вашиот дом или на работното место. Покрај редовно одржување на хигиената на просторот во кој живееме, една од добрите идеи е да ги оставиме подовите и sидовите голи, особено во спалната соба.


Чистење

Бришењето прашина и смукање со правосмукалка се неопходни за чист и свеж воздух без алергени. Препорачливо е да ја менувате вреќата на правосмукалката често и да ги добиете оние со двоен филтер. Кога станува збор за прашина, најдобро е да користите влажна крпа. На луѓето кои страдаат од алергии, исто така, се препорачува да носат маски додека ја чистат областа.


Готвење

Готвењето исто така придонесува за зголемување на алергени во воздухот во затворен простор. Всушност, една неодамнешна студија на Универзитетот во Колорадо вели дека едноставната подготовка на храна, како што е тост, може да го загади воздухот со ослободување на штетни честички како резултат на процесот на горење.


Миленичиња

Сите ние сакаме и посветуваме големо внимание на нашите миленици, но мора да бидеме свесни дека контакт со нив исто така може да биде една од причините за симптомите на нашите алергии. Нивната коса е една од многуте причини за алергии, па затоа е неопходно да се посвети посебно внимание на хигиената.

Сепак, постои начин да се решат сите овие проблеми еднаш засекогаш. Најефективниот начин за борба против алергени во затворен простор се прочистувачи на воздухот.

Прочистувачите на воздухот ви овозможуваат чист, свеж и поздрав воздух. Совршено решение за вашиот поздрав и подобар квалитет на живот - затоа што ние избираме здравје.

Извор: telegraf.rs


Имунолог објаснува: Овие се клучните разлики помеѓу коронавирусот и сезонските алергии