Спасе Манев од Скопје има необично хоби: Тој е колекционер на банкноти, а почнал со романски леи

Спасе Манев од Скопје има необично хоби. Овој млад човек собира банкноти од сите делови на светот. Како голем љубител на патувањата, решил да колекционира банкноти и на различни начини ги набавува. Некои самиот ги сочувал после патувањата, а другите ги обезбедува од Македонци кои шетаат по светот.

Има зацртана цел, да собере што повеќе банкноти во својот албум и да ги чува како сувенир.

„Ова необично хоби со колекционирање на сè уште важечки банкноти од целиот свет, ми дојде како идеја на почетокот од 2020 година. Иако сум колекционер на магнети, албуми со самолепливи сликички, карти за играње со фотографии од државите кои ги посетувам, од скоро станав колекционер и на банкноти. Како што патував низ државите во Европа, така ми остануваа банкноти од тие држави и сакав да си ги зачувам како сувенир. Па си реков, зошто да не почнам да си ги собирам од секаде. Така почнав со романски леи, унгарски форинти, хрватски куни, кои ми беа меѓу првите, но желбата да имам повеќе банкноти од државите растеше сè повеќе. Љубовта кон туризмот и патувањата, ме поврза со ова интересно хоби. Иако некои ќе речат: ,,штом се важечки банкноти, лесно се собираат", но тоа не е така. Целото интервју со Спасе - колекционер на банкноти прочитајте го на Фактор.мк