Специјални пакети за породување во Клиничката болница „Аџибадем Систина“: Сите услуги за безбедно породување и комплетна грижа за мајката и детето

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ промовира специјални пакети за породување со кои на семејствата со новороденчиња им се нуди комплетна здравствена грижа во периодот пред и по породувањето на мајката. Станува збор за време кога здравјето на жената е најважно, кога се  подготвува за новиот живот, за детето чие здравје потоа добива приоритет. Креирани се два специјални пакета со промотивни цени во кои се вклучени сите услуги нужни за безбедно породување и за комплетна грижа и за мајката и за детето.

Како врвна здравствена приватна установа Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и сиот стручен тим посветува исклучително внимание и нуди комплетна грижа за новороденчињата и родилките. Во пакетите вклучени се лабораториски анализи за мајката при прием во болницата, како и можност за спинална или епидурална аналгезија за безболно породување. Болничкото сместување е исто така дел од пакетите, но грижата не застанува по тие неколку дена. Со цел да го следиме растот и развојот на новороденчето во пакетот се вклучени и ортопедски прегледи на новороденчето, совети за неговата исхрана, три контролни прегледи во првиот месец, но и посета на патронажна сестра.

Една од суштинските услуги на болница е што организира бесплатни предавања за трудниците со цел да имаат полесна бременост, но и комплетно да се подготват за чинот на породувањето. Предавањата ги држат најдобрите доктори од болницата од сите специјалности.

Дополнително сите бебиња родени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ добиваат ексклузивен попуст од 10 проценти за користење на сите здравствени услуги од болницата доживотно.

Новина е што за мајките во пакетот следува специјален попуст од 30 отсто за постпородилни пакети за обликување на телото во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20 отсто за користење на услугите во „Премиум центарот  за здрав живот“, кој функционира во рамки на болницата и е еден најмодерен центар од ваков тип во регионот. Мајките добиваат специјален попуст од 20 отсто за медицински козметички услуги во Центарот за перфекција.

И поради тоа што за здравјето на детето грижата почнува веднаш, секое новороденче добива бесплатен аудиолошки и кардиолошки скрининг и подароци. На мајките претходно им следуваат и бесплатни часови по јога во бременост, еднаш неделно, масажи за трудници, книга со совети за водење бременост.

Пакетот за природно породување чини 90.000 денари, а пакетот за породување со царски рез е 120.000 денари.

Сите поволности и услугите во пакетите се достапни со уплатување на аванс од 12.000 денари. За нив се добиваат сите услуги и комплетната грижа и пред и по породувањето.