Спиење со родителите: Да или Не?

Спиење со деца во ист кревет - е тема околу која нема согласност меѓу научниците. 

Додека едни тврдат дека тоа не е добро бидејќи го зголемува ризикот од смрт кај новороденчето и го прави детето помалку самостојно подоцна во растењето, други сметаат дека ништо лошо нема да се случи ако спиете со малото во ист кревет. 

Ни студиите не пружаат јасен одговор. 

Некои покажуваат дека спиењето со родителите во ист кревет создава подлога за подоцнежна анкциозност. 

Други утврдиле дека бебињата кои спијат со мајките имаат подобар сон отколку оние кои се во своето креветче. 

 Вистината е, сепак , дека нема многу научни докази за оваа тема. Бидејќи, како вели професорот за детски развој на Отворениот универзитет Дејвид Месер, од етичка страна не би било во ред да се прави експеримент и да се замоли група мајки да спијат со бебињата, а други да не го прават тоа. 

Студиите кои се прават обично се правени на многу мал број испитаници, и затоа не се валидни и невозможно е да изведе конечен заклучок. Не треба, сепак, да се преувеличува значењето на ова прашање, бидејќи како вели Месер, децата во текот на растењето доживуваат различни аспекти на грижа.

Исто така, малку е веројатно дека нешто како што е спиењето во заеднички кревет ќе има негативен ефект на подоцнежен развој.