Според годината на раѓање: Откријте кој Фенг Шуи елемент сте

Петте Фенг Шуи елементи кои влијаат врз енергијата на просторот се: дрвото, земјата, металот, водата и оганот. За овие елементи се врзува карактеристична енергија, правец, форма и боја. 

Нашата личност не ја одредува само периодот од годината во кој сме родени, годишното време или хороскопскиот знак. Нешто интересно за секого може да се дознае и последниот број од годината на раѓање. Секој број има соодветен елемент – метал, вода, дрво, оган и земја. Тие може да откријат многу за нечија личност, навики и слично.

Под кој елемент сте вие родени ќе дознаете од последниот број од годината во која сте родени. 

4 и 5

Дрвото е флексибилно, поради постојаните промени. Дрвото е поврзано со дождот во пролет, а правец југоисток. Основен облик карактеристичен за дрвото е исправен правоаголник. Бои карактеристични за овој елемент се сите нијанси на зелена и сина, освен морско сина и модра сина. Личностите родени во овој период се оптимисти, младолики, романтични, креативни, љубезни.

8 и 9

Земјата претставува центар на сè, таа го одржува животот. Овој елемент е поврзан со облачно ветровито време, крајот на летото, а правец карактеристичен е југозапад и североисток. Основен облик на земјата е квадратот, тоа значи дека уредувањето на просторот околу вас на овој елемент треба да е во таа форма. Боите кои се карактеристични за овој елемент се костенливата, портокаловата и жолтата. Личностите родени во овој елемент се продуктивни, лојални, топли, решителни, истрајни.

0 и 1

Металот е совршенство на земјата, тој е непостојан, растеглив. Тој е поврзан со есента, запад и северозапад. Облик карактеристичен за металот е кругот и овалната форма. Боја карактеристична за овој елемент е сива, сребрено сива, бела. Личностите родени во овој елемент се силни, цврсти, морални, правдољубиви, перфекционисти.

2 и 3

Водата е постојано во движење, освежува и обновува. Водата е поврзана со ладно време, зима, а правец во просторот е северот. Карактеристични облици се нерамните, брановидни и асиметрични. Боја карактеристична за водата е црната и морнарско сината боја. Личностите родени во овој елемент се интелигентни, мудри, амбициозни, емотивни, многу често сакаат приватност и мир.

6 и 7

Оганот е жежок, разигран и сјае. Тој е поврзан со летото и југот. Облик карактеристичен за огнот е триаголникот. Бои кои се карактеристични за овој елемент се темнопурпурна и црвена. Личностите родени во овој елемент се храбри, импулсивни, хиперактивни, склони се кон уметноста и се полни со љубов и топлина.