СПРЕЧЕТЕ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА: Целосно природен рецепт од две состојки за целосно опоравување

Добивај вести на Viber

Опаѓањето на косата не е најпријатно искуство низ кое личноста може да помине. Губењето на 100 влакна дневно е нормално, но што да правиме кога се повеќе? Нагло губење на косата често укажува на некои поголеми здравствени проблеми како што е премногу стрес, проблеми со исхраната или хормонска нерамнотежа. Така да би било пожелно да го посетите својот лекар ако забележите дека губите премногу коса.

Ви претставуваме предлози како да го спречите овој проблем и косата да ја вратите во живот со помош на кромид. Кога се комбинира со други намирници, соединенија и витамини кои тој ги содржи е одлично решение за раст на здрава коса.

Денес имаме два рецепти кои се сосема природни а кои ќе ви помогнат за раст на косата.

*Црвен кромид и лук

Сок од овие два вида на кромид ќе го зајакне коренот на косата и ќе помогне за обнова на кожата на главата. Се што би треба се 4 свежи кромиди, 6 чешчиња лук и половина чаша вода.

Исчистете го кромидот и лукот и ставете се во блендер. Исцедете ја течноста , косата поделете ја на делови и втријте го сокот во темето. Оставете да отстои најмалку половина часа и потоа измијте ја косата со шампон. За да ги видите резултатите мора да го повторите ова три пати неделно.

*Кромид и мед

Ова е посебно добро за косата која брзо се масти, бидејќи двете состојки го регулираат производството на масти во косата. Крајниот резултат е коса која изгледа чисто и сјајно.

Потребни ви се два кромида и 3 лажички мед. И капа за туширање, а ако ја немате може да ви послужи и обична кеса. Фино измелениот кродмид измешајте го со мед и направете паста. Втријте ја во темето и оставете да влијае околу 40минути под капата. Измијте, а третманот повторувајте го два или три пати неделно.