Спремете се, полетуваме: Белек, златниот рај на Турција
“Македонија“? Ооо, па ние ја обожаваме вашата земја! Имаме и многу роднини и пријатели таму кај вас, ама и многу што доаѓаат овде да летуваат“... ова ни го рекоа повеќето при посетата на Турција, чиј домаќин на медиумската инфо- тура за патувањето беше реномираната туристичката агенција „Фибула“.
Не пречекаа со букет цвеќиња и локум, а потоа не одведоа во „рајот“.
Турција е опкружена со четири мориња, распослана на два континенти, дом на различни култури и светски цивилизации стари преку десет илјади години, крајбрежје долго повеќе од 8000 км. Ние од тоа крајбрежје го видовме можеби наубавиот дел- Анталиската регија. Лара, Белек, Сиде, Кемер, Аланија, кај и да се завртиш во овие места „пршти“ од убавини и хотелски комплекси, некои големи колку еден наш помал град. Сместувања за сечии вкус и џеб, ама најубавото не ви го наплатуваат- спомените.
Прво ги собравме во Белек. Се наоѓа на 30 километри источно од Анталија и ова место е познато по своите луксузни хотели, долгите песочни плажи, борови шуми, еукалиптус дрвја и прекрасно уредени градини. Познат е и по добрите терени за голф и Националниот парк за голф, а тука се одржуваат и бројни светски натпревари за голф.
Прв хотел за “опсевација“- „Селектум луксори ресорт“. Самото име кажува многу. Внатрешноста изобилува со готски стил и рустикалност, како да сте во некој средновековен замок во Франција, но со турски шмек. Огромен надворешен базен, песочна плажа, јадење и пиење на база ултра или олл инклузив (како и повеќето од хотелите кои ги нуди „Фибула“) колку ви душа сака, дискотеки на отворено, забава до бескрај... Интерсно е тоа што хотелот чува разни видови на мачки, а ќе ги сретнете во секој хотел. Тие се заштитени, но не се обични- многу разгалени, „живот на висока нога“, а како и да не кога домот им е со пет ѕвезди. (Ха ха ха н.з)
Сестринскиот хотел на овој ресорт е „Селектум фемили“. И таму ве чека истата магија, само што баш онака фамилијарно да се одморите со сите салтанати, со многу миризливи цветови кои паѓаат на вас како да врне.
Само што сте се вратиле опиени од убавина, ве чека друг хотел- „Каја Палас“. Таму, не знаете од која врата да влезете...и да излезете. Огромен комплекс од А- класа. Архитекстонски полу- кружен, ама колку стадион. Со мали возови не носеа да го разгледаме. Не знаете каде и што попрво да гледате, а да видите се! Палми, базени, вили со приватни базени, мали палати со големи угодности, импресивно пространство од луксуз во кое секое сетило ви акомулира се, само стрес не!
А се „стресовме“ кога не однесоа во еден од најелитните хотели во Турција- Регнум карија“. Во сопственост на нафтени турски магнати, ова чудо едноставно треба да се доживее. Не пречекаа најсрдечно и ни овозможија да видиме се што нуди.
1400 вработени, внатрешни/отворени базени со тобогани, луксузни спа центри со третмани за масажа, сауна и парна бања и приватна песочна плажа. Хотелот е сместен на теренот за голф Carya. Пространите единици- вили на Regnum Carya имаат приватен балкон со базен, од кои многу имаат поглед и на Средоземното Море. Некои апартмани нудат спа бања. Ultra All Inclusive Regnum Carya нуди 10 различни ресторани каде што можете да уживате во различни јадења. Ќе најдете à la carte ресторани, снек бар и слаткарници. Има дури и базен со бранови. Гостите исто така можат да уживаат во претстави во театарот на отворено или да танцуваат во дискотеката.
Во овој хотел се одржал и економскиот Г-20 самит во 2015 и повеќето светски лидери биле сместени таму. Ангела Меркл, Барак Обама, Џастин Трудо... А Џенифер Лопез? Секако и таа со свој концерт и невиден спектакл. Каква била го прашавме менаџерот.
„Па убава, топчеста (се смее). Немаше посебни барања освен што сакаше голема приватност. Не можам да ви опишам колкаво обезбедување имаше, а посебно за Г-20 самитот. Барак Обама беше најкул од сите. И со персоналот се однесуваше како обичен човек“.
Не само Лопез, гостувале светски ѕвезди од калибарот на Том Џонс, Рита Ора, Дуа Липа, а во јули и Рики Мартин.
На крајот, за впечатокот да биде уште посилен, не однесоа во приватната золошка градина со ретки животни. Да, и тоа го имаше!
И само што помисливме дека од „убавина болат очи“ и дека луксузот нуди „зен“ состојба, не однесоа во „Тајланд“, таму да го почувстуваме вистинското „зен“ доживување. Поточно во хотелот Сиам Елеганс“.
Се наоѓа на брегот на Средоземното Море, со поглед на морето. Располага со аква парк со тобогани, спа центар со турска бања и 8 продавници за храна. Секоја соба има приватен балкон. Елегантните соби имаат дрвен под и се украсени со богати ткаенини, а целиот ентериер со тајландски мотиви, дури и надворешноста.
Ресторанот Самуи дури служи автентична локална кујна во елегантната околина. Има и барови покрај базен и барови за одмор кои служат егзотични коктели и лесни закуски.
А, ќе ви раскажеме како беше и во Сиде и во Кемер. Таму друга приказна, истата гостопримливост, друга убавина...
Небојша Толески