Србија ни донираше нова пратка вакцини: 40 000 вакцини Спутник V денес стигнаа во Македонија

Во Македонија денеска пристигна втората донација од Србија. Премиерот Зоран Заев информираше дека станува збор за два пати по 20.000 дози од вакцината Спутник V, при што изрази огромна благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и останатиот државен врв. 

Рече дека со ваквиот благороден пријателски гест на соседна Србија ќе може непречено во Македонија да продолжи вакцинацијата чиј старт беше вчера. Истовремено, Заев апелираше граѓаните масовно да се пријават за вакцинација, бидејќи единствениот излез од пандемијата е само доколку има огромен број вакцинирани.

– Подготвена е салата „Борис Трајковски“, подготвени се вакциналните пунктови во сите градови и продолжуваме со масовна вакцинација – рече Заев.

Детали читајте на Фактор.