СРБИТЕ ВО ВИЕНА АКО ИМААТ ИНФОРМАЦИЈА, ДА СЕ ЈАВАТ: Мајката на Данка даде коментар за видеото

Добивај вести на Viber

Немам видено никакво видео, не следам социјални мрежи, рекла Ивана, мајка на исчезнатата Данка Илиќ за „Информер“, пренесе „Блиц“.

Девојчето кое личи на исчезнатата Данка е снимено во Виена во придружба на две жени. Интензивно се работи на нејзина идентификација и лоцирање. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото.

Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека се појавила нова трага во потрагата по Данка. 

Полицијата апелираше до Србите кои живеат во Виена, а кои имаат какви било информации за случајот, да се јават. 

„Ги замолуваме сите наши луѓе кои живеат во Виена доколку го видат девојчето веднаш да ја известат полицијата“, се наведува во апелот откако се појави видеото од Виена.

Данка има две години и исчезна во вторник во Бор. Полицијата со денови ја бара. 


Извор: faktor.mk