Срцето му го подарив па нека му прави што сака: Илина Арсова сподели низа среќни и заљубени роденденски фотки

Добивај вести на Viber

Македонската уметница, скијачка и планинарка Илина Арсова, пред една недела го прослави 40-от роденден во друштво на партнерот Игор Џамбазов и нивните пријатели.

Тогаш Игор откри дека ѝ купил куфер, а утредента таа заминала со истиот, сега пак, Илина јавно му одговори дека му го подарила срцето, па тој нека му прави што сака и сподели низа среќни и заљубени фотки од посебниот ден.

- Роденденот помина пред недела дена ама споменот ми е толку свеж и драг, што посакав да го споделам и сега... Тој ми купи куфер, јас не му купив ништо. Срцето му го подарив па нека му прави што сака.
Овие мили луѓе на сликиве направија еден навидум обичен, прилично стресен ден, да стане прекрасен. И затоа им благодарам. Ви благодарам и на сите вас, кои бевте дел од летните дружби во Лагадин, а и сите останати виртуелни пријатели кои до скоро ми пишуваа честитки во сандаче.
Ви посакувам убав ден каде и да сте. Сакајте, правете добри дела и никогаш не ја губете вербата во себе - порача Арсова.

Елена Петреска му направи изненадување, Илина со емотивна честика: Игор Џамбазов полни 59 години