Средношколци подгответе се за конференцијата „Да го следам ли својот сон?“

Добивај вести на Viber

Во сабота, на 13 април, во просториите на Meѓународното училиште НОВА, со почетоки од 11 часот, па се до 16 часот, традиционално ќе се одржи по седми пат конференцијата за професионална ориентација на млади под мотото „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“. Настанот е во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“ и има за цел да ги насочи своите активности кон поддршка на младите и талентирани луѓе во мисијата за остварување на нивниот целосен потенцијал и остварување на нивна успешна идна професионална кариера.

За време на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, а истото ќе го сторат и неколку еминентни гости говорници, на средношколците од цела Македонија, со фокус на 2-ра и 3-та година, сè со цел да им се помогне во нивниот избор на идна професионална кариера.

Овој традиционален настан, во изминативе шест години го имаат посетено повеќе од 700 средношколци од дваесетина училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценет како успешен и извонредно корисен во изборот на нивната идна професија. Местата за настанот се ограничени и ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk.


Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

Во продолжение е и предлог агендата на конференцијата:

 7-ма Ротари конференција за професионална ориентација „Should I follow my dream? (Да го следам ли својот сон?)“

Агенда

11:00 - 12:30   Отварање на конференцијата и пленарна сесија (обезбеден вебстриминг на www.nova.edu.mk)

Воведно обраќање на Сашка Костовска - Длака – претседател на Ротари клубот Скопје Камен Мост за 2018/19¬

Обраќања на:

Виктор Мизо – Извршен директор на Костал Македонија

м-р Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар компани, основач и менаџер  на Завар дизајн и Претседател на MAMEI

Бранко Огњановски – продуцент

12:30-12:45   Кафе пауза

12:45-13:45    Прва break-out сесија во мали групи

•  Професионални области*: 

o  Архитектура и градежништво;

o  Економија, бизнис и финансии;

o  Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;

o  Маркетинг, медиуми и односи со јавноста;

o  Медицина, стоматологија и фармација;

o  Право и адвокатура

o  Настава, наука и истражувања

13:45 -14:30   Ручек и дружење со учесниците

14:30-15:15   Втора break-out сесија во мали групи

•  Професионални области*: 

o  Архитектура и градежништво;

o  Економија и финансии;

o  Бизнис и претприемништво;

o  Електро-техника, електроника, информатика, машинство и автомобили;

o  Маркетинг, медиуми, и односи со јавноста;

o  Медицина, стоматологија и фармација;

o  Право и адвокатура

o  Уметност, дизајн и креативни индустрии

* Говорниците се членови на Ротари клубот Скопје Камен Мост