„Среќа до небо, ден што никоj пат нема да го заборавам“: Трифун Костовски со внуците Неда и Петар

Добивај вести на Viber

Бизнисменот и поранешен градоначалник Трифун Костовски знае како да ужива во пензионерските денови.

Како активен корисник на социјалните мрежи често знае да сподели приватни моменти со неговите пријатели и следбеници.

Овој пат како горд дедо сподели фотографија со внуците.

„Јас со мојата внука Неда и внукот Петар. Среќа до небо. Ден кој што никоj пат нема да го заборавам“, напиша Костовски.


Трифун Костовски е татко на три деца, Олга, Коста и најмалиот си Филип кој поретко го гледаме во јавноста.

Внуката Неда е вистинска убавица и го носи името на покојната баба на Трифун.

Фото: Фејсбук
РЖМ