СРЕЌНИ ЖЕНИ: Што ги карактеризира дамите кои велат „јас сум среќна во мојот брак“
Има жени кои се видно среќни во своите бракови. Кои се опуштени, задоволни и кои едноставно блескаат.
Иако доста работи зависат од изборот на партнер, доста нешта зависат и од нив самите. Еве што ги карактеризира жените кои за себе велат: „јас сум среќна во мојот брак“.
-Таа го почитува мажот, но ја очекува истата почит и од него
Сите ние имаме потреба да почувствуваме дека сме почитувани во семејството. Среќната сопруга знае да ја искаже почитта кон сопругот, но исто така знае и дека тие се потполно еднакви во заедницата која ја имаат и нема да прифати ништо помалку од тоа.
-Таа води грижа за себе
Среќната сопруга и партнерка не води сметка само за нејзиниот надворешен изглед, туку и за своето здравје (и физичкото и менталното). Убаво е да видите жена која вежба, чита, се храни здраво. Таквите жени сјаат и го привлекуваат својот маж уште повеќе.
-Таа има пријатели кои навиваат за нејзиниот брак
Немаат сите пријатели кои даваат поддршка на нивните врски. Обрнете внимание на личностите кои искрено ви посакуваат успех и поминувајте време со нив. Среќната жена го знае ова, па затоа е претпазлива во своите пријателства и не им дозволува на луѓето да ѝ се мешаат во бракот. Мажите многу го сакаат и го ценат ова.
-Таа дозволува мажот да ја гали и да ја пази
Мажите сакаат да ги галат и да ги пазат своите жени. Среќните жени им го дозволуваат тоа. Знаат дека не е потребно секогаш да покажуваат дека „жената може сѐ сама“.
- На среќната жена не ѝ е потребен маж покрај неа
Таа е среќна кога е со него, исто колку што е среќна и кога е без него! Таа знае да ужива во неговото друштво, но не бара од него секогаш да биде тука. Исто така, има моменти кога сака да биде сама и да го прави она што во моментот ѝ е потребно. И тоа отворено го кажува.
-Таа знае дека е убава за мажот, но и значи и кога тој ќе и го каже тоа
Таа е сигурна во себе во секој момент, знае дека убавината доаѓа однатре, но води сметка и за тоа како изгледа. Покрај тоа, таа посебно сјае кога мажот ќе ѝ даде комплимент.
-Таа знае дека и тој има чувства
Без разлика на тоа колку мажот изгледа силно, тој сепак е човечко суштество. Како такво, и тој има свои чувства, грижи и знае да заплаче. Среќната жена знае да го почитува овој факт и внимателна е кон чувствата на својот сопруг.
-Таа знае дека комуникацијата е важна
Комуникацијата е клучна за поврзување и на неа се засноваат сите врски. Среќната жена редовно одвојува време за разговори со партнерот. Опуштено и отворено разговара за малите и големи работи. И истото го очекува и од партнерот.