СРЕЌНИК: За две години два пати добил на лото

Добивај вести на Viber

Маж од југоисточна Франција два пати ја доби премијата на лото играта „Мој милион“ за неполни две години, а математичарите велат дека веројатноста за ваква среќа е еден на 16 илјади милијарди.

Првиот милион го освоил во ноември, 2016 година и после тоа продолжил секој ден да купува по едно лото ливче, а минатиот месец тој го доби вториот милион.

Продавачот кој му го продал добитното ливче вели  дека веста ја примил без изненадување. 

„Мој милион“ е помала верзија на лотаријата „Евромилиони“.

Двојниот милионерски добитник планира да продолжи да игра и понатаму, пишуваат француските медиуми.

Организаторите на лотаријата соопштија дека не паметат досега да се има случено нешто слично.