Српска манекенка омажена за шеик: Секако дека живеам во харем

Добивај вести на Viber

Србинката Јелена Бин Драи, која се здоби со популарност како носител на титулата „Мис Југославија“, повеќе од десет години живее во Дубаи, каде се омажи за шеикот Саид Бин Драи, чиешто богатство се проценува на две милијарди долари. Двојката има и три деца, деветгодишна Асија, едногодишна Хилал и шестгодишна Хамдан. Сепак, со оглед на фактот дека е во брак со шеик, Јелена честопати наидува на бројни навреди и стереотипи, како тоа дека е „сиромашна жена во харем“, за што се осврна во интервјуто за српски „Телеграф“, нарекувајќи се себеси „повампирена Хурем“.

-Да бидам искрена, ако фрлав камен на секое куче што ме лаеше, немаше да стигнам далеку- изјави поранешната мис, сега успешна претприемачка, која исто така ги коментираше коментарите за тоа како живее во харемот. 

- Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирена Хурем. Мојот сопруг е Султан Величествениот, тоа веќе го знаете и за среќа има 147 други жени, така што не мора да се бавам со него и да го гледам секој ден во текот на оваа пандемија- раскажа Јелена со смеа и откри како изгледа нејзиниот живот во Дубаи.

- Не сум сигурна за каков успех мислите. На деловниот или затоа што добро се омажив?- се запраша Јелена, која еднаш годишно ја посетува нејзината родна Србија. Со оглед на фактот дека поради тоа што е во брак со муслиман, таа наидува на навреди на нејзина сметка, Јелена, исто така, шеговито го коментираше тоа. 

- Доаѓам во Србија кога ми дозволуваат обврските околу палатата и кога сакам свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова- заклучи таа.


Прочитајте уште една ваква приказна: (ФОТО) 10 години сум во харем: Елена за сопругот и животот во Египет