Српската двојка Слобода и Војин: Нѐ разведуваат еднаш месечно
Љубовта
меѓу актерите Војин Четковиќ и Слобода Миќаловиќ се случила целосно спонтано. Тие се запознале на снимањето на филмот „Зона
Замфирова“, а во тоа време и
двајцата имале други
партнери.
Сепак, познанството од „Зона“ се претворило во блиско пријателство за време на снимањето на нивниот втор заеднички филм „Грабежот на третиот рајх“. Набргу потоа, двајцата се разделиле од своите партнери, а во 2004 година започнале љубовна врска, која по четири години ја крунисале со брак. Парот има две ќерки, близначките Мила и Вера.
Пред неколку години, како гостин во емисијата „Балканска улица“, актерот Војин Четковиќ се присети на моментот кога за прв пат ја видел Слобода на сетот.
„Се сеќавам кога прв пат ја видов, ја снимавме „Зона Замфирова“, таа беше студентка. Никогаш не гледав на студентките на тој начин, особено затоа што повеќето беа деца. Поминаа неколку дена од снимањето, еден снимател ме покани да отидам да видам нешто и првпат тогаш ја забележав. Не можам да кажам дека беше воодушевена кога ме виде, но се насмевна“, рече тогаш актерот.
Неговата колешка и сопруга Слоба Миќаловиќ истакнува дека сега луѓето ги разведуваат најмалку еднаш месечно.
„Нѐ разведуваат барем еднаш месечно. Веќе стана досадно. Ако се разведеме еден ден, мислам дека никој не би ни верувал “, се пошегува актерката, а пренесува „Hello“.
„Ние се обидуваме да ги воспитуваме нашите ќерки на начин на кој Војин беше воспитуван од неговите родители и јас од моите родители. Дали можам да го сторам тоа е друго прашање, но јас навистина сакам. Јас пораснав во мала заедница, исто така и Војин. Ќе видиме што им подготви животот, асе надевам дека тој ќе биде љубезен кон нив “, заклучи Миќаловиќ.
Фото: Инстгарам/ sloboda_micalovic_boba/vojin_svetkovic
Можеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Парче од рајот: Оазата на мир и љубов на Војин Ќетковиќ и Слобода Миќаловиќ