Српски туристи во хаос поради омикрон: Стотина заробени на егзотични дестинации, мораат сами да си ги платат летовите за назад

Поради омикрон, голем број авиокомпании откажуваат илјадници летови дневно. Затоа група туристи од Србија е „заробена“ во Занзибар.

„Во Занзибар беа заробени неколку стотини српски туристи и тие пристигнаа таму или преку агенции или самостојно. Оние кои пристигнаа со Флај Дубаи, кои откажаа голем број летови, сега имаат голем проблем, бидејќи се работи за нискобуџетна, евтина компанија и работат по различни правила. Имено, големите авиокомпании имаат обврска да ви го заменат билетот во случај на непредвидена ситуација, но нискобуџетните компании ја немаат таа обврска. Тоа значи дека патниците од Занзибар кои дојдоа со оваа авиокомпанија ќе треба сами да си го најдат патот и да купат нов билет“, изјави Александар Сеничиќ, директор на Јута, на телевизијата К1.

Како што рече Сеничиќ, причината зошто авиокомпаниите ги откажуваат летовите е затоа што немаат доволно пилоти и персонал поради корона болест.

Повеќе на Фактор.мк