,

Познатиот српски стилист за коса Александар за Женски Магазин открива: Кои фризури и бои ќе бидат најголем хит пролетва?

Добивај вести на Viber

Многугодишното искуство и љубовта кон стилизирањето на коса, го направија еден од најбараните фризери во Белград, но и во цела соседна Србија. Александар Драмићанин, за Женски Магазин отворено раскажува за својата професија, за новите пролетни трендови, но и за позитивното влијание врз неговата работа на баба му Милоратка која ја исфарба за прв пат после цели 86 години и стана вирален хит.

* Кој бил Александар како дете, што сонувал да стане кога ќе порасне?

- Малиот Александар е истиот човек што го гледате сега, секогаш љубопитен, енергичен, упорен, смел и желен за знаење.

* Кога се одлучивте за оваа професија и дали беше тешко да отворите сопствен салон?

- Отсекогаш знаев дека ќе ја работам оваа работа, фризури правев уште во основно училиште. За мене едноставно немаше друга опција бидејќи ова е нешто што го сакам и ме исполнува. Самото отворањето на салонот не, туку доаѓањето во Белград и самиот почеток на целата оваа приказна не беше лесен. Беше потребно многу време и труд за да се добијат клиенти, но упорноста и желбата преовладаа.


* Девојките од „Hurricane“ се ваши редовни клиенти. Како започна таа соработка, дали успевате да им ја исполните секоја желба? Дали ги слушаат вашите препораки за нов изглед?

- Соработката со девојките започна сосема случајно со доаѓањето на Сања на маникир. Брзо ја искористив приликата да си поиграм со нејзината коса и да ја нашминкам. Потоа следеше нивната покана и година и пол подоцна сè уште сме заедно, што, сигурен сум, е показател на заемното уживање во работата и квалитетна соработка. Јас им ги исполнувам желбите, но и тие мене ми ги исполнуваат. Кога станува збор за нега на коса и шминка, девојките целосно ми веруваат.

* Кои други познати фаци доаѓаат во вашиот салон?

- Доаѓаат многу јавни личности, но не би можел никого да издвојам бидејќи сите мои клиенти ми се подеднакво важни.

* Кои ќе бидат трендовите за оваа пролет, што препорачувате? Која должина, каква боја на коса?

- Секоја личност различно ме инспирира и со секого имам „нов тренд“. Она што многу ми се допаѓа во последните два месеци е степенасто шишање со полни шишки. Што се однесува до бојата, обожавам бакарни тонови. На нашата страница @aleksandardramicanin можете да ги погледнете сите наши дела и да најдете нешто за себе.


* Фотографјата со трансформацијата на вашата баба стана вирален интернет хит. Како настана? Што ви значи баба ви?

- Создадена е во периодот на карантин, кога го искористив моментот да бидам со семејството. После тоа, направивме фотосесија со портрети кои го красат моето студио. Баба ми е најголемата кралица за мене, покрај тоа што навистина ја сакам и што многу имам повлечено на неа. На 31 година сфатив дека во куќата имам сериозна ѕвезда која ме прослави без никаква претходна намера. Потоа открив ново поглавје за жените и како некои луѓе ја изразуваат својата харизма. Баба ми знае колку уживам кога ја средувам, а за внукот би направила сè.


* Што е за вас убава негувана жена?

- Убавината е релативен поим, а негувана жена е онаа која првенствено се грижи за своето здравје, а со тоа и посветува време на грижата за косата, лицето и телото.

* Кои се вашите идни планови?

- Имам многу планови и проекти, кои ќе ги видите наскоро. Не сакам да зборувам однапред, повеќе сакам дела. Очекувајте нешто ново од мене и мојот тим.


Д. Караташова Илиоска