Станете фриленсер преку обуката за “Дизајн на облека во 3Д”
Прва домашна обука за фриленсинг
во модната индустрија
Во низата на домашни обуки за различни ИТ области, маркетинг или човечки ресурси кои се дел од понудата на речиси сите домашни центри за неформално образование, конечно добивме освежување со обука која се однесува на некоја друга област. И не било која, туку баш моднатакоја се смета за една од најатрактивните во најразвиените земји од светот!
„Дизајн на облека во 3Д“ е насловот на првата домашна обука (http://fashion-freelancer.mk/) што има амбиција да ги привлече сите оние кои се заинтересирани за покреативниот аспект на творењето и ширум да ги отвори вратите за влез во светот на модата.
„Машината за шиење ја заменивме со компјутер, а конецот со софтвер за 3Ддизајн“ - вели Јасмина Чанева Лазовска, организатор на обуката која доаѓа од компанијата МК Вера Монд која веќе 25 години е дел од текстилната индустрија работејќи за некои од најзвучните модни брендови. “Преку обуката ќе научите вештини со кои успешно ќе можете да работите за било кој светски производител на облека, дизајнерски тим или ланец на модни продавници - директно од Вашиот дом, на вашиот копјутер - дизајнирајќи парчиња облека кои ќе бидат единствено резултат на вашата креативност и имагинација” - објаснува Чанева Лазовска.
Обуката има вкупно 9 модули и ќе трае 13 недели со динамика од 2 часови неделно - онлајн, плус индивидуални менторски сесии. Во делот за дизајнирање на облека во 3Д, покрај Лазовска, инструктори се и Јована Јорданова, Цветанка Гаревска и Даница Ѓоргиева - сите успешни и признаени во својата област на дизајнот. Обуката инкорпорира и дел кој ќе Ви помогне како со овие знаења успешно да „пливате“ во фриленсерските води и своето новостекнато знаење брзо да го усогласите со барањата на светските модни компании. За овој дел од обуката, насловен „Успешен фриленсинг“, ќе биде задолжен Блаже Спирковски - еден од најуспешните домашни фриленсери.
Субвенционираната цена на чинење изнесува 250 евра, а покрај стекнатите работни вештини, секој од учесниците ќе добие лиценциран Сертификат за дизајн на облека во 3Д, како и лиценциран софтвер за работа во времетраење од три месеци. Повеќе детали за обуката можат да се најдат на веб страницата www.fashion-freelancer.mk.
Обуката на првата група апликанти е закажана да започне на 5 октомври, а пријавувањето за неа е отворено најдоцна до 1 октомври 2022 година. Пријавувањето се врши преку претходна регистрација на следниот линк.
Одржувањето на обуката е подржано со програмата Reconomy - регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.
ПР објава