Старите добри зебра коцки: Идеален десерт за вашата празничка трпеза (ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ)
Идеален рецепт за сите оние кои ги сакаат старите, меки, сочни и едноставни колачи...
Состојки:
400 грама брашно;
1 маргарин или путер;
2 лажици шеќер;
1 децилитар млеко;
1 квасец.
За филување:
150 грама ореви;
мармалад;
малку рум.
Дополнително:
чоколада за глазура.
Во топлото млеко ставете ги квасецот и шеќерот. Оставете го квасецот да нарасне. Додадете го брашното, маргаринот и замесете тесто, кое ќе го поделите на три дела.
Развлечете го првото парче од тестото и наместете го во тепсијата, а потоа премачкајте го со мармалад, наросете го со ореви и капнете малку рум.
Истото повторете го и вториот дел од тестото, а на врвот ставете го третиот дел.
Печете на 180 степени околу 40 минути. Испечениот колач премачкајте го со глазура од чоколада.
фото: Shutterstock
* ПР - објава