Старлетa од Србија го згрози балканот: Абортирав 19 пати и имам испиено над 200 апчиња за ден потоа (Фото)

Добивај вести на Viber

Неодамна, зборувајќи за пикантериите од својот живот, српската старлета Марија Маја Маринковиќ без срам откри шоконтни детали од својот богат сексуален живот кој ја згрози цела јавност, пренесуваат медиумите.

Таа во моментов е дел од едно реално шоу во Србија каде зборувала со своите пријатели дека не е страшно доколку некоја девојка сакала да испие таблета за ден потоа.

- Анита испи една таблета за ден потоа, и не е страшно, само од мое искуство можам да кажам дека не треба често да ги пие бидејќи може да предизвика колапс во телото. Може да пие апчиња за ден потоа еднаш на секои шест месеци, кажала Маја и додала дека таа редовно ги пиела.

-Со години немав ограничување кога беа во прашање тие апчиња. Колку имам испиено до сега можев да направам аптека. Имам земено над 200 апчиња ден потоа и абортирав најмалку 19 пати. Не сакам да зборувам за тоа, тоа не е нешто што секоја девојка треба да го прави, но имав фази кога не размислував премногу за последиците. Денес, кога ќе го вратам филмот, никогаш не би го направила тоа, изјави старлетата.


Таа додаде дека од секогаш била тврдоглава, ниту татко и не можел да ја спречи во намерите. Дел од ова знае и тој но многу работи и не знае.

-Тие апчиња се добра работа затоа што спречуваат бременост, но имаше ситуации кога не се посомневав дека сум во друга состојба, а потоа  кога ми се јавија главоболки и отидов на преглед сфатив дека сум бремена. Младите девојки треба да внимаваат што прават. Треба да се користи заштита и никогаш да не дозволуваат мажот да одреди дали треба да се заштити или не, изјави Маринковиќ.

Инаку таблетите за ден потоа се пијат само доколку парот има незаштитен интимен однос, се со цел девојката да спречи несакана бременост. Сепак има одредени правила како тие се користат, и никако не смеат да се земат без претходна консултација од доктор.


Фото:majamarinkovic/intagram