Стеван и неговата девојка Сандра заминаа заедно во војска: Роднините и сограѓаните „пукнаа“ од среќа и гордост

Добивај вести на Viber

Фото: Instagram

Велат дека ќе слават кога ќе се вратат од воен рок - вели мајката на Сандра

Сандра Лазиќ (22) и Стеван Ашиќ (23) од Страгар, место покрај Крагуевац, донеле одлука да заминат заедно во Ваљево и да отслужат ни помалку ни повеќе, воен рок.

Овој млад пар е во врска шест години и без многу размислување заедно донеле одлука да ја облечат војничката униформа.

„Заминаа заедно затоа што тоа беше нивна желба. Мојата ќерка заврши сообраќајно училиште, како и нејзиното момче Стеван и планираше да биде полицаец. Таа влезе на Машинскиот факултет во Крагуевац, но „не се пронајде“ таму, па замина во војска. Има желба да биде професионален војник“, вели Маријана, мајката на Сандра.

Под притисок дека се збогува со ќерката и со нејзиното момче, Маријана вели дека не правеле испраќање, затоа што Сандра не сакала.

- Велат ќе слават кога ќе се вратат од воен рок - додава Мирјана.

Сите во Страгар се горди на своите млади жители и немаат ништо друго освен пофални зборови за двајцата.

„Тие се многу добри деца и секоја им чест! Да имаше повеќе млади како овие двајца! Брзо да им поминат војничките денови, а потоа да направат свадба кога ќе се вратат", им посака жител на Страгар.

Роднина на младиот пар Слаѓа Ќатиќ вели дека збогувањето со нив било емотивно за сите.

„Плачевме цел ден! Во исто време, од гордост и среќа, но, добро, и жал ни е што заминаа. Сите ги поддржаа затоа што денес тоа е одлука за почит“, вели Слаѓа.

Извор: Telegraf.rs