Стил // Стил на денот
Стил на денот: Една од најубавите Македонки воопшто во минимализам кој ѝ прилега совршено
Илариа Кирилов ѝ е позната на домашната јавност како преубава и амбициозна девојка со низа успешни проекти во модната сфера. Покрај тоа што е веќе познат модел, таа е и модна дизајнерка со колекции зад неа.
За нејзината убавина слушна и познат либански дизајнер, кој ја ангажираше како модел за неговите раскошни креации.
Од елегантни комбинезони до совршени вечерни тоалети, Илариа изгледа неверојатно во крациите на дизајнерот Садек Маџед.
Приватно е исто толку атрактивна и модно.
Овојпат ви ја претставуваме во минималистичка креација во бела боја, маичка и панталони паметно комбинирани и во дихот на летото.
Фото: Инстаграм