Стил // Стил на денот
Стил на денот: Елена Ристеска деловно „скоцкана“
Пејачката, музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис. Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.
Во последно време, Ристеска е зафатена со работа поврзана околу парфемот, па најверојатно од истите причини и ја гледаме во едно поинакво деловно издание.
Зеленото сако во линии, искомбинирано со фармерки и црна маица се одлична комбинација за бизнис состаноци.
Станува збор за струкирано сако, кое ја истакнува фигурата на телото, па ни овој пат Елена не погреши со изборот на стајлинг.