Стил // Стил на денот
Стил на денот: Кејт Мидлтон - софистицирана дама во празничен стајлинг
Во рамки на кратката претпразнична турнеја низ кралството, Кејт Мидлтон и Вилјам го посетија Велс, а по тој повод таа ги воодушеви сите присутни со својот изглед.
Британската модна икона уште еднаш покажа дека е потребно едно парче за совршен стајлинг - долг црвен капут! Имено, токму овој капут, војвотката го носи по втор пат годинава.
Со него, не ви треба многу за да ја доведете комбинацијата до совршенство - Кејт го стори тоа совршено, прекрасниот капут го комбинираше со црни чизми од антилопа, кожени нараквици и мала црна кожена чанта.
Под капутот имаше црна ролка - парче што е апсолутен хит секоја есен и зима, а како последен детаљ, софистицираната војвотка носеше црно-црвен кариран шал.
Фото:Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Не ги знаевме овие детали: Како Кејт и Вилијам навистина се запознале