Стил на денот: Крем и бело во режија на Меланија Трамп - во вакви чевли не сме ја виделе
Меланија Трамп деновиве е во Њујорк, а медиумите внимателно го следат секој нејзин чекор..
По скоро шест месеци, поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп се појави во јавноста, километри оддалечена од нејзината резиденција на Флорида.
Прво е фатена во друштво на син ѝ Барон, кој видно пораснал и ја надминал во висина.
Фотографите деновиве ја фатија како влегува во Tram Tauer во Менхетн и како и секогаш, таа не остави ништо на случајноста и се среди од глава до петици. Пристоен стил, сјајна коса и брендирани алишта станаа нејзин заштитен знак.
За прошетката во Њујорк, таа одбра јакна од марката Барбери, а облече балетанки од марката Кристијан Лабутен, за 645 долари. Чантата од марката Ермес Кели бисер е навидум едноставна, а цената на оваа торба е неверојатни 4.000 долари.
Со нејзиното отсуство од јавноста, таа загрижи многумина, а медиумите шпекулираа дека односот меѓу сопружниците е полош од кога и да е откако Меланија не се појави на прославата на 75-от роденден на Доналд.
извор:stil.kurir.rs