Стил на денот: Тамара Драгичевиќ со комбинезон за десетици различни стајлинзи

Добивај вести на Viber

Ако удобноста е вашиот прв приоритет, овој комбинезон ќе ве воодушеви

Актерката Тамара Драгичевиќ неодамна стана пример за многу жени кога станува збор за облекувањето и негата на кожата.


Таа има за цел да носи комбинации кои се практични, удобни и лесно може да се прилагодат на секоја пригода. 

Комбинезонот е задолжително парче облека, а секоја жена треба да има барем еден во својот гардеробер. Така Тамара облече еден во нане боја кој веќе има за цел да стане вистински летен хит. Специфично за овој комбинезон е тоа што одлично стои на сите жени.


Допир на елеганција ѝ дадоа широките ногавици, а белите патики го направија целиот аутфит опуштен и совршен за целодневни настани.


Заедно со сето тоа носеше и мала крем чанта со која изгледаше совршено. Како и секогаш, младата актерка задоволно се насмевна додека сите собрани со внимание гледаа на нејзиниот најнов стајлинг.

Извор: glossy.espreso.co.rs

Фото: INSTAGRAM / TAMARADRAGICEVIC