Стил на денот: Тренди ролка фустан по примерот на Драгана Миќаловиќ

Добивај вести на Viber

Актерката Драгана Миќаловиќ на Инстаграм сподели интересен аутфит кој може да послужи како инспирација за секоја жена за летните денови кои полека доаѓаат.

Имено таа се одлучи за многу интересен светло портокалов фустан со бели точки на него.


Интересно е и тоа што фустанот е целосно затворен, па делот околу вратот е дизајниран да има улога на полуролка, но интересни се и ракавите на ова парче. Тие се всушност кратки и имаат интересни копчиња од страна. Скроени се за да имаат улога на модерни „паф“ ракави.

Со оваа модна комбинација, таа реши да комбинира златен накит, односно нежни обетки, часовник и ланче.

Исто така, особено впечатливи беа и белите патики кои фантастично се вклопуваат со нијансата на нејзиниот фустан.


Извор: glossy.espreso.co.rs

*(ФОТО) Ја наследиле нејзината убавина: Мајката на актерките Слобода и Драгана Миќаловиќ