Стил на денот: Вера Мештеровиќ во фустан по примерот на првите дами, војвотки и кралици
Вера важи за една од најубавите жени во нашиот јавен живот. Годините ретко коj би ѝ ги дал, а таа вели дека е до негата, но и до генетиката и нејзиниот детски, палав дух.
Од неодамна Вера заплови во водителските води и стана дел од утринската програма на Канал 5, придружувајќи им се на Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска и секојдневно не' инспирира со нејзиниот стил на облекување.
Утринава таа се појави во polka dot фустан со јака на преклоп, во беж боја со црни точки и елегантни црни салонки.
Фустанот е елегантен, а неговиот крој посебно ја нагласува женственоста па таквите модели најчесто ги гледаме и на војвотката Кејт Мидлтон и кралицата Летиција.
Слични такви фустани носеле и поранешната прва дама Меланија Трамп, но и сегашната прва дама, Џил Бајден.
Кралицата Летиција