Стил на месецот: Август во тиркизно асиметрично здолниште

Добивај вести на Viber

Август пристигна, а со него и последните денови од летото. Некои од вас овој месец заминавте или допрва треба да заминете на некое егзотично патување. Едно од задолжителните парчиња облека што треба да ги понесете е тиркизното асиметрично здолниште.

Лесно се комбинира, а најмногу одговара со „беж“ маичка и чевли. Исто така имате простор да си играте и со интересни аксесоари, па така со овој изглед вашите фотографии од одморот би биле многу стилизирани.