Стил // Стил на месецот
Стил на месецот: Носете мантил како фустан како Џенифер Лопез
Со месец октомври веќе на голема врата почнува да се забележува поладното есенско време. Понекогаш знае да врне, но имаме и денови кога пече сонце и се уште може да ги искористиме летните работи од гардероберот.
Овојпат инсипирација за стил на месецот е пејачката Џенифер Лопез, со нејзиниот начин на кој ги носи мантилите кои ќе ја обележат сезоната.
Мантилот кој може да го искомбинирате со билокоја комбинација, Џеј Ло го носи како фустан.
Тоа и не е така лоша идеја, особено ако треба за некаде да се дотерате, па ќе изберете високи потпетици, чизми или сандали во впечатлива боја.