Стил на месецот: UGG чизмички за удобен НОЕМВРИ

Добивај вести на Viber

Веќе започна и претпоследниот месец од оваа година. Времето е променливо. На моменти топло, на моменти ладно. На моменти со сонце, на моменти со дожд. Сепак пејсажот кој го носи ноември е извондреден за супер Инстаграм фотки.

Кога станува збор за есенската облека, обувките се многу важен и неизоставен дел. Она по кое веќе неколку сезони, лудуваат девојките и жените, се удобните Ugg чизмички.

Ги има во сите бои, а одговараат за секаква пригода. Особено кога се нови и супер супер меки, тие се совршените обувки. 

Овојпат ги имаме во модна комбинација во песочна боја. Спарени со кожени панталони или во допир на светкави детали. Супер топло, удобна и модерна модна комбинација.