Стил на неделата: 3 модни комбинации на Сара Џесика Паркер совршени за дами во средно доба

Добивај вести на Viber

Снимањето е во тек, а ние ја следиме атмосферата, локациите и секако - модните комбинации на хероините на култната серија „Сексот и градот“.

На еден од сетовите Кери Бредшо, се појави во розов мантил, кој покриваше бел плисе-фустан со риги. Косата и беше врзана во ниско опавче, а со тоа таа го најави новиот тренд на убавина, и едвај чекаме да видиме кои нови парчиња ќе станат најпопуларни благодарение на продолжението наречено „And Just Like This“. 

 

Следниот ден, Кери прошета во комбинација што одговара на нејзиниот оригинален карактер во форма на предимензионирана бела кошула, беж маичка и здолниште во А-линија во најмодерниот дезен на годината. 

И последната комбинација  е најинтересната. Невообичаен беж комбинезон, кратка јакна со цветен дезен, и шапка како онаа што ја носеше Џеки Кенеди и две торби закачени над нејзиното рамо се доказ дека Сара Џесика Паркер може да изнесе сè што ќе ви падне на памет дури и во шестата деценија! 

Комбинциите се смели, авангардни и елегантни, совршени за дами кои имаат свој изграден стил.


Фото: Profimedia