Стил на неделата: 5 омилени парчиња на Сека Алексиќ кои ќе направат да изгледате како модна икона
Сека драстично го промени стилот во однос на почетокот на кариерата и стана дел од листата на најдобро облечени дами во Србија
Музичката ѕвезда често е инспирација за многу дами, а изминативе неколку месеци го промени имиџот, па нејзиниот нов изглед наидува само на пофалби. Со оглед на тоа дека важи за модна икона, го прочешлавме профилот на популарната пејачка и издвоивме 5 парчиња кои ќе бидат во фокус оваа зима...
1. Пилотска јакна
Овој модел на јакна минатата година доживеа голема популарност, а доминацијата продолжува и годинава. Многу локални ѕвезди и инфлуенсери си го избраа својот модел, а меѓу нив е и Сека која се одлучи за пократка верзија.
2. Кожено здолниште
Есента е сезона кога сакаме да носиме кожени материјали. Коженото здолниште е идеален избор за создавање ефективен стајлинг.
3. Ефективна чанта
Малите чанти се во фокус оваа сезона, а Сека избира ефикасен модел со сребрени детали што ја прави секоја комбинација впечатлива.
4. Мал црн фустан
Секоја жена знае дека мора да има мал црн фустан во гардеробата - модел идеален за сите прилики. Сека избра фустан со необичен крој на едното рамо со карнери кои го прават особено интересен.
5. Макси црн фустан
Покрај малиот црн фустан, во вашата гардероба мора да имате и елегантен црн макси фустан кој со еден удар ќе создаде моќно издание. Сека изгледа совршено во модел со едно рамо, кој го комплетираше со кожени ракавици.
извор: stil.kurir.rs