Стил на неделата: Кралицата Летиција во фустан кој ја издолжува фигурата и одзема килограми
фото:PROFIMEDIA
За сите прилики, за секоја жена - и толку, толку убав!
Добро е познато дека е вистинска реткост е да се види шпанската кралица во нова облека: таа е една од „најштедливите“ благороднички и рециклира стара облека речиси секој ден и ги комбинира парчињата на нови и интересни начини. Затоа нејзиниот стил е секогаш свеж, волшебен, иновативен и едно не се менува - секогаш е шик!
Па така, за вчерашното уживање на изложбата во Гранада, на која присуствуваше со сопругот кралот Фелипе Шести, одбра фустан во кој двапати сме ја виделе, но тоа го забележаа само оние љубители на модата кои од ден на ден ги следат нејзините модни избори.
Имено, Летиција од Шпанија облече зелен фустан со цветни мотиви од марката Маја Париз во средна должина и нерамни краеви, кој се сече со ребрест материјал околу половината и благодарение на тоа ја прави фигурата да изгледа многу подолга. Малиот ефект на надуеност во горниот дел и убавината на долниот дел овозможуваат да се скрие вишокот килограми бидејќи фустано е разигран во движење, а цветниот дизајн е тука за живописен изглед.
Моделот дозволува играње со бои кога станува збор за чевли и чанти.
Сепак, кога минатата година го видовме овој модел кај сопругата на шпанскиот крал за време на нејзината турнеја низ татковината, таа го комбинираше со еспадрили.
ГАЛЕРИЈА: