Не можеме да ги видиме од маските дали се смеат или се намуртени: Стилот на нашите политичарки и жени на јавни функции во време на ковид
Една ја усогласува заштитната маска со аутфитот, на друга ѝ ѕирка градникот, трета ги имаше најдобрите стилски изданија токму во време на пандемијата - сѐ на сѐ секоја од нив негува стил кој ѝ прилега и секоја од нив е дама за пофалба.
Пандемијата ги промени нашите животи во секој поглед. Моментално светот е тажно место со наплив од негативни информации и страв од невидливото зло.
А покрај многуте промени кои ни ги донесоа овие кризни времиња ние, овојпат би се задржале на оние во поглед на модата.
Никој од нас не ни претпоставуваше дека маските ќе станат дел од нашето секојдневие, или пак од од моден аспект, би рекле, задолжителен аксесоар, кој сега многумина го комбинираат со облеката.
Тој „тренд“ го забележавме и кај жени на јавни функции и политичарки на светско ниво, но и кај нас.
Бидејќи откажани се сите настани, концерти, и други јавни собири од кои пред пандемијата црпевме модни инспирации, сега во овие времиња, најзастапени на телевизиите се сепак настаните од важен јавен карактер каде претежно се појавуваат луѓе на јавни функции, затоа решивме да забележиме како се облекуваат жените политичарки и жените на јавни функции во време на пандемијата.
Вилма Русковска
Како што напоменавме погоре за „трендот“ - заштитна маска комбинирана со стајлингот, обвинителката Вилма е меѓу првите кои почнаа да ги усогласуваат маските со аутфитот, а со тоа привлече и многу внимание.
фотографии: Македонска Информативна Агенција (МИА)
Кога станува збор за стајлингот, Русковска се облекува одлично и соодветно за нејзината возраст.
Радмила Шекеринска
За министерката би рекле дека ги имаше најдобрите стилски изданија токму во време на пандемијата. Кога велиме најдобрите мислиме на сите нејзини изданија во фустани. Од елегантниот црн фустан со интересен крој, до деловните еднобојни фустани, па и жолтиот „егзотичен“ фустан со кој дефинитивно изненади.
фотографии: Фејсбук
Фатиме Фетаи
Покрај нејзината препознатлива убавина, Фатиме е позната и по добриот стил, секогаш перфектно облечена, внимавајќи на секој детаљ од стајлингот, но со едно од изданијата посебно привлече внимание.
Се работи за нејзиниот стајлинг за во судница, кога се појави во бел костим од кој ѝ ѕиркаше црниот градник.
фотографии: Македонска информативна агенција (МИА)
Гордана Силјановска Давкова
За професорката Силјановска Давкова исто така имаме само пофални зборови за нејзиниот стајлинг.
Свилените марами околу врат, кошули, сако и џемпери во интересни и ускладени бои и дезени се нејзиниот печат.
Дефинитвно секоја жена во нејзини години треба да се огледа на неа.
фотографии: принтскрин Јутјуб
Теута Арифи
Дама со изострено чувство за стил, елеганција, мода и префинетост. Нејзиниот стил би го споредиле со стилот на некоја од светски познатите први дами. Минималистички, сведен, со малку детали а сепак впечатливи и пред сѐ став кој прави на неа добро да изгледа секоја комбинација.
фотографии: Фејсбук
*Р.Ж.М