Стилски мебел, поглед на море и моќни детали: Луксузниот стан на Северина во Сплит е вистински мал рај на земјата
Станот на пејачката се наоѓа веднаш до морето, во близина на една од најпопуларните плажи во Далмација
Пејачката Северина Вучковиќ е родена во Сплит, но местото каде што го поминува поголемиот дел од своето време е овој далматински град на брегот на Јадранското Море, каде што завршила средно училиште и влегла во музичките води.
Северина во неколку наврати споделила фотографии од својата луксузна оаза во Сплит, а во една таква прилика открила и интересен податок за името на улицата каде што се наоѓа нејзиниот стан, која го добила името по папата Јован Павле Втори, кој во близина на нејзниот дом одржа говор за време на неговата посета на Сплит во 1998-ма година.
Внатрешноста на станот на пејачката е како нешто од списание - комбинација на модерно и античко, што најмногу се забележува во изборот на стилски мебел, како крем троседот со златни детали и цветен дезен.
Во станот преовладуваат многу светли тонови, па ова место е украсено со бели и крем бои, со златни детали во форма на украси и рамки за слики.
Прозорците од подот до таванот го прават просторот поголем бидејќи е целосно исполнет со дневна светлина, а преку нив не влегува само сонцето, туку и погледот кон морето.
Прекрасно уредена, голема трпезариска маса се наоѓа во дневната соба каде се собираат блиските луѓе и семејството на пејачката.
Извор: glossy.rs